Новите почетоци се секогаш предизвик за сите!
За многумина уредувањето на домот од самиот почеток може да зададе вистинска главоболка, но факт е дека крајниот резултат ќе биде позитивен и восхитувачки. Пакувањето, складирањето и преместувањето може да биде стресно, но ние ќе ви помогнеме да ви го олесниме процесот.
- ГОЛЕМА ЧИСТКА
Новиот почеток означува дека е време да ги елиминирате работите што повеќе не ги користите. Сè што повеќе не користите, може да го донирате, рециклирате или ако повеќе не може да се употребува тогаш фрлете го во отпад.
Зачувајте ги работите кои ви се потребни и складирајте ги посебно.
Овој процес ќе ви овозможи полесно и поефективно вселување во новиот дом.
- ИЗМЕРЕТЕ ГО ПРОСТОРОТ
Многу важна работа при првото уредување на домот е правилното мерење на просторот. Така најлесно може да го испланирате уредувањето на просторот без да направите непотребни грешки. Понекогаш и неколку сантиметри можат да направат разлика, затоа овој чекор е основен при уредувањето.
- БОЈАДИСАЈТЕ ГИ ЅИДОВИТЕ
Пред да се преселите во нов дом, прво обојте ги ѕидовите или поставете тапети, согласно вашите преференци. Откако ќе се бојадиса и исчисти просторот тогаш е многу полесно да се внесе нов мебел, а целото уредување ќе трае пократко.
- ОДБЕРЕТЕ ГО СТИЛОТ НА УРЕДУВАЊЕ
Размислете каков стил сакате да преовладува во вашиот дом. Секако немојте да заборавите на удобноста при изборот на мебелот. Понекогаш сликите од амбиенти што ги гледаме во списанија или на социјалните мрежи може да не се вкоплат во домот. Затоа е потребно внимателно и рационално бирање на мебелот.
5. ФОКУСИРАЈТЕ СЕ НА КВАЛИТЕТ
Разгледајте ја големата понуда на мебел и барајте квалитет. Најважно е мебелот да го користите долги години без значително да ја изгуби својата форма, изглед или боја. Ако имате миленци и деца, одберете водотопорен штоф и неутрални дезени кои се отпорни на валкање.