Зошто аголната гарнитура е идеален избор за вашата дневна соба?

Главната дилема при уредување на дневната соба е дали да купите тросед, двосед и фотелја или аголна гарнитура.
Аголните гарнитури се најчестиот избор на нашите купувачи, бидејќи постојат голем избор на модели, бои и дезени, па лесно може да се најде модел за сечиј вкус.
Иако пронаоѓањето на совршена аголна гарнитура може да изгледа како предизвик, сепак со неколку практични совети може да го олесните целиот процес.
 
  1. Димензии
 
Добро измерете ја дневната соба и одредете ги димензиите на аголната гарнитура бидејќи важно е таа да е со оптимални димензии за вашиот простор.
За да не биде пренатрупана просторијата, добро правило е растојанието помеѓу парчињата мебел да биде помеѓу 75 и 100 см.
 
  1. Длабочина на седечкиот дел
 
Ова е исклучително важен елемент за удобноста на аголната гарнитура, сепак изборот зависи од вашите желби.
Плиткото седиште на аголниот сет има длабочина од 53 до 56 см и ве става во исправена, седечка положба со стапалата на подот.
Просечната длабочина е од 56 до 61 см и ќе ве стави во малку полежерна положба.
Најдлабоките комплети имаат длабочина од 63 см и повеќе, така што тогаш ќе бидете во лежечка положба.
Обрнете внимание на вкупната висина на аголната гарнитура, димензиите на перниците и висината на седиштето.
 
  1. Избор на платно
 
За да ја изберете вистинската ткаенина за гарнитурата, прво мора да размислите што точно ви треба. Запрашајте се дали ткаенината што ќе ја изберете е лесна за одржување? Дали ја има посакуваната текстура?
Микрофиберот е добар избор за аголна гарнитура бидејќи е најотпорниот материјал на дамки.
Ако не ви се допаѓа како изгледа, можете да изберете друг ткаен материјал. Можеби е потешко да се исчисти од микрофиберот, но поради неговата текстура, дамките ќе бидат помалку видливи.
 
  1. Механизам за спиење
 
Голема предност на аголните гарнитури е што повеќето модели поседуваат механизам за спиење. Обрнете внимание каков тип на механизам поседува моделот, бидејќи моделите што се со механизам на извлекување најчесто нудат поголема удобност за секојдневно спиење во однос на оние со фиока.